Меѓународниот конзорциум за истражувачко новинарство (ИЦИЈ) завчера ги објави “Пандора документи“, збирка од околу 12 милиони документи, кои откриваат дека светски лидери, милијардери и ѕвезди криеле милиони долари во офшор компании.
Според мапата на веб-страницата на ИЦИЈ има и две офшор-фирми на сопственици од Македонија.
Засега нема информација кои се тие сопственици и фирмите, а од ИЦИЈ најавија дека документите ќе ги објавуваат постепено.