недела, 19. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Во последните 100 дена замреа сите надежи дека Заев ќе се бори со непотизмот и корупцијата

Во последните 100 дена замреа сите надежи дека Заев ќе се бори со непотизмот и корупцијата

Најновиот случај со директорката на Фондот за пензиско и инвалидско осигурување, Билјана Јовановска, која си го вработила сопругот во Фондот, ги замре сите надежи на граѓаните дека оваа старо – нова Влада ќе се бори против непотизмот и корупцијата.

Поранешниот заменик директор на Фондот за пензиско и инвалидско осигурување Томче Ѓуровски откако во 2011 година беше разрешен од функцијата, сега тој повторно е вработен во фондот. Ова не е прв случај на непотизам за овие сто дена влада – влада која реди само загуби, афери и скандали.

Пред еден месец и Мухамед Зекири, кумашинот на Зоран Заев беше назначен за генерален секретар на местото на Драги Рашковски. Зеќири пред една година се венча со поранешната директорка на телевизијата Алсат М, Бисера Јордановска, а на свадбата кум му беше Зоран Заев и неговата сопруга Зорица Заева. Тогаш од СДСМ изјавија дека не постоело непотизам во Владата, а токму претходната власт беше на удар од јавноста затоа што поранешниот министер за финансии Зоран Ставрески му беше кум на екс премиерот Никола Груевски.

Непотизмот продолжува и во МЕПСО. Антикорупциска даде мислење за постоење на судир на интереси во назначувањето на Куштрим Рамадани за нов директор на МЕПСО.

И Алијанса за албанците обвини за непотизам при назначување на кадри на ДУИ на директорски места.

-Што е со предлогот на Јетон Акики, директор на АЕК, инаку зет на вечниот Невзат Бејта со што ја заслужува оваа позиција, освен што станува збор за зет на Невзат Бејта кого нивната партија го претвори во династија за членовите на нивното семејство? Што е со браќата Бесими? Едниот доживотен директор на Тетовската болница и другиот министер на сите министерства во земјава и на крај министер за финансии? Кој политички субјект може да биде ДУИ кога ја заснова својата политичка активност врз класичниот непотизам, спречувајќи ги младите кадри да се развиваат политички? Нема ли судир на интереси каде треба да реагира антикорупциската комисија? Ова е ДУИ на денешницата која не се разликува од вчера, која се повикува на легитимноста на Албанците, а истовремено ги срами Албанците со „вечниот” Ејуп, генијалните браќа и „способниот” зет на Невзат Бејта- стои во соопштението од Алијансата на Албанците.

Според извештајот на Транспаренси Интернешнал објавен овој месец, непотизмот, односно вработување на блиски лица на поранешни и сегашни функционери, злоупотреби со апанажи, патни трошоци, службени возила и платежни картички во странство, се само дел од бројните случаи за кои антикорупционерите дале препораки, но никој не ги зема предвид.

Најнови вести