вторник, 7. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Во септември имало 778 пожари, само викендов 95 пожари

Во септември имало 778 пожари, само викендов 95 пожари

Во текот на вчерашниот ден имало 37 пожари од кои четири се уште се активни, информираа денеска од Центарот за управување со кризи (ЦУК).

Оттаму посочуваат дека почнувајќи од петокот до вчера имало вкупно 95 пожари на отворен простор, а во текот на септември регистрирани се вкупно 778 пожари на отворени од кои 43 се гаснети со ер тракторите на Дирекцијата за заштита и спасување и со хеликоптери на МВР.

– Апелирам до сите земјоделци да не ги палат стрништата, а сточарите пасиштата. Сериозни врнежи нема подолго време, вегетацијата е исклучително сува, дневните температури се сеуште високи, пожарникарите и пилотите се исцрпени и на крај на силите. Апелирам до сите градоначалници да ги следат законски пропишаните процедури и да бараат воздушна поддршка тогаш кога се исцрпени сите останати можности. Пожари не се гаснат од воздух со ер трактори и хеликоптери без подршка на пожарникари од земја. Невозможно е да се изгасне пожар додека врз него не згазне пожарникарска чизма, вели директорот на ЦУК Стојанче Ангелов.

Најнови вести