среда, 3. јануари 2024. Вести денес: 0
home Вести

Водостоите на реките под просекот за мај

Водостоите на реките под просекот за мај

Најголем дел од реките во земјава се со намален водостој во однос на просекот за мај, покажуваат денешните хидролошки мерења на Управата за хидрометеоролошки работи.

Двојно е намалено нивото на реката Струмица кај Ново Село, а скоро двојно на реката Лепенец. Под просекот се и водостоите на Вардар, Треска, Пчиња, Крива Река, Црн Дрим и Сатеска.

Единствено зголемување од шест сантиметри се бележи кај реката Бабуна кај Богомила.

Кај трите природни езера, нивоата се над просекот за мај, но најголемо отстапување има кај Дојранското Езеро кое е скоро три сантиметри над просекот.

Најнови вести