петок, 17. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Водостоите на реките се намалуваат

Водостоите на реките се намалуваат

Водостоите на речиси сите реки во земјава се пониски од просекот за март и најчесто нивото им е пониско од вчерашното, покажуваат последните мерења направени од Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР).

Исти со вчерашните, но пониски од просечните, се и водостоите на Охридското и Преспанското Езеро, додека нивото на Дојранското Езеро е за 3,05 метри повисоко од повеќегодишниот просек за овој месец. Водостојот на Охридското Езеро е за осум сантиметри понизок од просечниот, додека нивото на Преспанското Езеро е за 1,44 метри пониско од просечното, иако за 21 сантиметар го има надминато апсолутниот минимум.

Најнови вести