Изет Меџити најави дека на 13 август, на годишнината од Охридскиот рамковен договор, ќе формира новото политичко движење. Тој во оваа прилика рече дека наместо да си одат дома, решиле да направат демократски сојуз во служба на граѓаните и дека ќе функционираат како опозиција, поднесувајќи оставки од сите функции во ДУИ.
„Решивме да не си одиме дома, туку да направиме новото политичко движење, новото демократско движење. Апелирам до сите интелектуалци, сите оние кои сакаат да придонесат, сите оние кои го бараат гласот и сакаат да бидат слуга на граѓаните, во интерес на граѓаните, ќе имаат отворена врата во новото демократско движење“, вели Изет Меџити.
Малку подоцна на Фејсбук вицепремиерот Артан Груби објави неколку стихови од песна, што во јавноста беше сфатено како „провокација„ за Меџити.
„Тие имаат потреба за мене како кислород
Знам, пријателе, ја разбирам и твојата позицијата
О, колку е убаво да се види топ листата
Оди дома, сега земи го куферот“
Ова се стихови на реперот Ноизи, кои Груби ги избра за да ги објави на социјалните мрежи. Инаку, Меџити ја напушти ДУИ како резултат на незадоволство од работата на извршната власт. Тој најави силна опозиција проитв ДУИ.
Меџити денеска во летното издание на „Click Plus“ на ТВ21 ја искоментира токму оваа објава на Груби.
„Тоа ја покажува неговата состојба и нивото, а тоа се ниски провокации“, рече Меџити.