вторник, 12. март 2024. Вести денес: 0
home Вести

Вратоломиите на Заев

Вратоломиите на Заев

Во предизборната кампања од локалните избори во Македонија, во период помеѓу првиот и вториот круг, премиерот и претседател на СДСМ, Зоран Заев, во неговите обраќања до јавноста на митинзите, ветуваше дека оставка од премиерската но и од претседателската функција на СДСМ ќе поднесе доколку градоначалничката функција во Градот Скопје не ја добие Петре Шилегов.

Зоран Заев посочуваше дека Град Скопје е важна општина и отворено кажуваше дека не може да води Влада без Град Скопје и дека ако градот Скопје биде загубен тој ќе си поднесе оставка. Заев на гостување на телевизија Сител меѓу двата изборни круга или на 25 октомври на гостување на телевизија Сител најави дека ќе поднесе оставка ако во вториот круг од локалните избори СДСМ загуби во Град Скопје. Тој додаде дека владата останува да биде предводена од неговата партија.

“Пораката е генерално за мобилизација. Јас сум борец човек. Но, потребна е поддршката од граѓаните. Можете да бидете вие колку сакате храбар, притоа претпазлив за сето тоа што е важно за државата и да ја интегрирате во НАТО, да добиете понуда за почеток на преговорите со ЕУ да дај боже до крајот на годината отвориме прва меѓувладина конференција, тоа се надежите и моите согледувања кои ги имам, но не можете да имате општини кои го шират конзерватизмот, национализмот и ги делат граѓаните или општини каде, на пр. Скопје како град е Влада во Влада, тој е многу важен, или сите други општини кои остануваат. Да имате политики кои ќе ве скараат со соседите, а тоа не носи кон интеграциите на ЕУ или да се борите во делот на поддршка на модерни булевари, модернистички решенија, а некој да се залага за сосема спротивно, а тоа е барокот и слично. Јас или Влада предводена од мене не може понатаму да води таква Влада”, кажа Заев тогаш, одговарајќи на прашањето дали ќе поднесе оставка доколку се изгуби Скопје или неговите претходни изјави во таа насока се само за мобилизација на гласачкото тело.

Прашан дали во тој случај некој друг од СДСМ ќе ја преземе премиерската функција, тој одговори потврдно и навести зголемување на парламентарното мнозинство.

“Секако, Влада предводена од СДСМ, со партнерите, плус зајакнато мнозинство, останува Влада предводена од СДСМ”, рече Заев.

Но, и по четири дена од најавената оставка на премиерот и претседател на СДСМ, Зоран Заев тој се уште се нема повлечено, ниту пак има писмено депонирана оставка до парламентот и до партиското тело во СДСМ.

За потсетување , ова не е прв пат на премиерот и претседател на СДСМ, Зоран Заев да најави нешто, а да не биде реализирано од негова страна, и токму затоа тој е добро познат по неговите вратоломски ставови, кои што од ден во ден тој ги менува.

Колку за илустрација Заев најави оставка и во јуни 2019. Тогаш во Заев во интервју за белгискиот весник „Ле Соар“ ги повика земјите членки на ЕУ да преземат одговорност и да испорачаат датум за преговори. Во разговорот, премиерот Заев објаснува дека во случај да не се додели датумот за преговори, тој ќе биде обвинет дека ги излажал пратениците дека гласањето за Преспанскиот договор значи отворање на вратите на ЕУ.

„Кажав дека ако го смениме името, ако одржуваме добри односи со Грција, со Бугарија, дека ако се прават сите реформи, Европа ќе си ги исполни ветувањата. Ако тоа не биде случај, нормално е да се преземе одговорност, нема да чекам опозицијата или Собранието да направи нешто, ќе преземам одговорност и ќе го вратам мојот мандат“, вели Заев во интервјуто за „Ле Соар“.

Оттука мандатот на Заев изминува без сработено, со многу корупција и криминал, и со многу кажани лаги за кои говорат неговите изјави кои ги менува со голема леснотија.

Најнови вести