Времен режим на сообраќај до 2 март ќе има на магистралниот пат Неготино-Гевгелија, кај наплатната станица Демир Капија, соопшти попладнево Авто мото сојузот на Македонија.
Причината се градежни активности за изградба на електронскиот систем за наплата на патарината Демир Капија.