вторник, 7. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

ВРЕМЕТО ВО СЛЕДНИТЕ ДЕНОВИ: Пороен дожд, грмежи и засилен ветер

ВРЕМЕТО ВО СЛЕДНИТЕ ДЕНОВИ: Пороен дожд, грмежи и засилен ветер

До недела под влијание на циклонска активност времето ќе биде променливо облачно, на повеќе места нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер.

Локално ќе има појава на невреме со интензивен пороен дожд, силен ветер, електрични празнења и појава на град. Во текот на овој период на места ќе наврнат над 30 л/м2.

Температурите ќе опаднат и ќе бидат под просекот за овој период од годината. Од понеделник ќе настапи постепено стабилизирање на времето со брз пораст на температурите.

Најнови вести