вторник, 7. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

ВРИЈАТ СОЦИЈАЛНИТЕ МРЕЖИ: Заев, Спасовски и СДСМ ги згазија законите и го уништија достоинството на сите полицајци и полицајки, избраа да ги штитат Бекир Асани и коалицијата со ДУИ

ВРИЈАТ СОЦИЈАЛНИТЕ МРЕЖИ: Заев, Спасовски и СДСМ ги згазија законите и го уништија достоинството на сите полицајци и полицајки, избраа да ги штитат Бекир Асани и коалицијата со ДУИ

Граѓаните на Република Македонија остро го осудија насилството на Бекир Асани кон полицајка, но реакциите на тоа дека МВР сака да го заташка случајот се уште поостри.

Лицемерна беше вчерашната средба на Спасовски со полицајката, која според очевидци била нападната од Асани, а вчера по средбата во МВР беше истакнато дека самата се удрила во “пајакот“.

Оваа изјава наиде на потсмев кај јавноста, но очигледен е и гневот на граѓаните дека некој сака да ги изманипулира.

Граѓаните заклучуваат дека Заев, Спасовски и СДСМ ги згазија законите и го уништија достоинството на сите полицајци и полицајки кога избраа да ги штитат Бекир Асани и коалицијата со ДУИ.

Во заштита на полицајката не застана всушност никој, освен јавноста. Премиерот Зоран Заев и министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски се обидоа само да ја турнат вистината на страна и да не го разлутат коалициониот партнер.

Ниту првиот човек на униформираната полиција, директорот на БЈБ Лазо Велковски не превзема ништо за поддршка на нападнатата полицајка.

Молк и од страна на Магдалена Несторовска, државниот секретар, која ниту како жена ниту како службеничка не најде збор за критика на насилството на Асани.

 

Најчевска: Секој напад на полицаец мора да биде строго казнет, а напад на жена полицаец уште построго

За каков било напад на полиција се легнува на земја, му се ставаат лисици на рацете и се спроведува во полициска станица на распит, а не се води пријателски разговор, напиша професорката Мирјана Најчевска на социјалната мрежа „Фејсбук“ .

-Секој напад на полицаец мора да биде строго казнет, а напад на жена полицаец уште построго. Така се бориш со мафија, и така воспсоставуваш почитување на полицијата од страна на секој граѓанин.
Замислете кое насилство е во состојба да го примени ова човече врз обичните граѓани и колку незаштитени се тие кога ни самата полиција не може да си се заштити.
И замислете каков е односот на ова човече кон жените и во каква положба се наоѓаат тие кога ни жена полицаец не е заштитена.
Секојдневно слушам за случаи на насилство од страна на високи партиски кадри и државни функционери на ДУИ, и посебно за сексуално обоено насилсво, и никој не се осмелува да им се спротистави. Сега знам и зошто. Па тие и полицијата ја тепаат, а камоли некој обичен граѓанин, пишува таа.

Мицковски: Абе не ни треба форма да менуваат ДУИ, треба да ги нема, да одговараат

Министерот за комуникации бара од ДУИ да не се однесувале ко во времето на ВМРО.
Сега за 8-ми Март во соработка со Сити Мол, покрај дупла водка со Дарио, ќе организираат посебна вечер, „Каде се крие пајакот“, со Бекир Асани.
Абе не ни треба форма да менуваат ДУИ, треба да ги нема, да одговараат.

ФОТО: Масовно се „дерат“ граѓаните, а владините возила не ги допираат 

„Пајаците“ низ Скопје секоја недела креваат стотици возила со цел и желба да го наполнат државниот буџет и општинската каса.

Жртви на ваквите политики и одлуки се единствено македонските граѓани. Функционерите на Владата СДСМ-ДУИ можат да паркираат каде и кога сакаат. За нив законите, очигледно, не важат.

Најнови вести