среда, 8. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

За 10 дена поднесени речиси 42.000 барања за лични документи: Спасовски вели дека се организирани, ситуацијата на терен спротивна

За 10 дена поднесени речиси 42.000 барања за лични документи: Спасовски вели дека се организирани, ситуацијата на терен спротивна

Близу 42.000 барања за лични документи се поднесени во Министерството за внатрешни работи за десет дена.

Министерот за внатрешнби работи Оливер Спасовски во утринската програма на МТВ вели дека има сериозно зголемување на бројот на барања за издавање лични документи, но обрасци за сите лични документи има доволно.

-Службите се добро организирани и работат и секој граѓанин ќе добие личен документ за кој има потреба. Од 5 до 14 јули 2021 се поднесени вкупно 41.864 барања за издавање лични документи. За една недела имаме барања колку што сме издавале документи во целиот јуни, а некаде и околу три илјади повици дневно за барања за издавање лични документи и околу илјада преку електронскиот пристап за закажување термин, потенцира министерот.

Спасовски информира дека во јуни се издадени 42 илјади патни исправи, околу 20 илјади лични карти и околу 10 илјади возачки дозволи, а тоа е, како што рече, речиси двојно зголемување од тоа што е нормално во летниот период и се издавале во земјава.

И додека министерот за фали со добра организираност, состојбата на лице место е далеку поразлична. Редици граѓани чекаат да ја подигнат својата патна исправа во зградата на МРТ во делот каде МВР издава лични документи. Обезбедување на просторот нема, а јавноста изминатиов период беше сведок и дека имаше голем хаос и при закажувањето за пасоши.

Најнови вести