За 22 сантиметри денеска е зголемен водостојот на реката Вардар кај Јегуновце, а за шест саниметри кај мерното место кај Демир Капија. Единствено кај Велес има намалување на нивото за пет сантиметри.
Кај останатите реки нема некои поголеми отстапувања во однос на вчерашните мерења.
Во однос на езерата, најновите мерења покажуваат дека Охридското Езеро е еден сантиметар под дозволениот минимум, а водостојот на Преспанското езеро за 46 сантиметри го има надминато апсолутниот минимум. (МИА)