понеделник, 27. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

За „Би-Би-Си“ историскиот договор е во наводници: Личеше на свадба, едната страна се согласи да си го смени името!

За „Би-Би-Си“ историскиот договор е во наводници: Личеше на свадба, едната страна се согласи да си го смени името!

Новинарот на Би Би Си , Гај де Лони опишувајќи ја ситуацијата во грчкото село Нивици каде што вчера беше потпишан договорот за името меѓу Македонија и Грција вели дека наликувала на свадба, објавува Експрес.

На тоа наведувал и белиот шатор подигнат на брегот на питорескното преспанско езеро.

-Едниот од учесниците се согласи да го смени своето име, пишува балканскиот коресподент во информацијата за договорот со кој Македонија ќе стане Северна Македонија.

Насловот на текстот е „Спорот со македонското име: Премиерите гледаа како министрите потпишуваа историски договор“  (Macedonia name dispute: PMs watch as ministers sign ‘historic’ deal)

Освен прикриениот британски хумор кој наведува на дилемата зошто не премиерите туку министрите потпишале договор кој што е историски, интересно е и тоа што зборот историски во насловот е ставен во наводници што алудира дека и за британскиот јавен сервис има нешто спорно во начинот на кој е „решен“ спорот за името.

Најнови вести