среда, 14. февруари 2024. Вести денес: 0
home Вести

За да добиеш хемотерапија чекаш на скали, нема чекални, а ќе снема и лекови!

За да добиеш хемотерапија чекаш на скали, нема чекални, а ќе снема и лекови!

Нема лекови, нема услови да се добие соодветна терапија кога се оди по клиниките, реагираат граѓаните.

Најпогодени се оние кои имаат малигни болести, лица на кои секој момент им е важен.

-Ние кои што треба да примаме хемотерапија, а и комбинирано кога ќе завршиме хемотерапија да одиме на радиотерапија, на нас никој не мисли. Не враќаат ни велат нема медикаменти, се жали една граѓанка.

На социјалните мрежи, пак, реагираат и лица чии родители не може да добијат соодветна нега, соодветни лекови.

-Мајка ми е болна од рак и ја носиме на секои три недели во Скопје на хемотерапија. Чекаме на скали нема ни пристојни чекалници, пациенти со рак седат на скали по 5-6 часа, пишува на својот Фејсбук профил Давор чија мајка е болна од рак.

И додека министерот за здравство Венко Филипче безмалку секој ден вели дека работи на подобро здравство, подобри услови за пациентите, соодветна грижа, граѓаните секојдневно го демантираат.

Граѓаните реагираат на постот на Давор и го објавуваат повторно.

-Апсолутно се согласувам и јас се соочив со ист проблем на Клиниката за онкологијата. Не сум од Скопје, а кога доаѓам да ја земам терапијата на татко ми ми велат нема дојди за два дена. Како е тоа можно, прашува загрижен граѓанин кој се соочува со сличен проблем.

Најнови вести