Премиерот Зоран Заев призна за незадоволството на оризопроизводителите и за тоа ја обвини администрацијата поради корона вирусот за доцнење и неисплата на субвенциите на оризопроизводителите.
Додека тој се правда тие во вторник излегуваат на протест со блокада на патот Штип- Кочани и бараат исплата на субвенциите, чистење на каналите и пуштање на водата за наводнување, како и повисоки цени на оризот.
-Владата прави напори секогаш да излезе во пресрет на барањата на земјоделците, како што е случајот со оризопроизводителите, вели Заев одговарајќи на новинарско прашање дали ќе се исполнат барањата на кочанските оризопроизводители, кои најавија протести и блокада на патот Штип-Кочани за во вторник, 23 февруари.
-Запознаен сум со незадоволството на оризопроизводители. Знам дека со министерот за земјоделство, заменикот, државниот секретар, сите работат на решавање на проблемот. Државата финансиски е ликвидна и верувам дека навремено ќе се завршат сите постапките, за да може субвенциите навремено се исплатат. Заради тоа што наша тенденција е да ги пуштаме навремено и да им помогнат на граѓаните, тогаш кога им треба и верувам дека овие денови ќе се решат административните проблеми, коишто постојат, за да се исплатат субвенциите, вели Заев.
Иницијативниот одбор за спас на оризопроизводството не го откажува протестот и покрај ветувањата на премиерот дека деновиве ќе се решат проблемите со субвенциите.