Изолирана појава на краткотраен пороен дожд и грмежи, претежно во планинските подрачја најавува за утре Управата за хидрометеорлошки работи. Потоа до понеделник под влијание на топла воздушна маса и јужно воздушно струење ќе има значителен пораст на температурите кои на места ќе бидат и над 30 степени. Во ноќта кон недела во западните делови ќе има услови за локален дожд.
Како што најави претходно УХМР, попладне на места ќе биде нестабилно со пороен дожд и грмежи, а локално процесите ќе бидат поинтензивни во форма на краткотрајно невреме со силен ветер и услови за изолирана појава на град. Максималната температура ќе биде во интервал од 20 до 25 степени.
За утре УХМР прогнозира дневни температури до 30 степени, за во сабота и недела до 31, односно 33, а за понеделник исто така до 31 степен.