петок, 22. декември 2023. Вести денес: 0
home Вести

ЗА ТРИ ДЕНА НАД 1200 ЗАРАЗЕНИ – Филипче по донесените нови мерки си го продолжи одморот во Грција додека ситуацијата излегува од контрола

И додека Филипче ужива на плажа, Тетово, Гостивар и Скопје се новите жаришта на вирусот, но засега не се презема буквално ништо.
ЗА ТРИ ДЕНА НАД 1200 ЗАРАЗЕНИ – Филипче по донесените нови мерки си го продолжи одморот во Грција додека ситуацијата излегува од контрола

И покрај секојдневниот раст на бројките на новозаразени, но и на починати лица, министерот Венко Филипче го продолжи својот одмор во Грција.

Иако во земјава во последните неколку дена бележиме раст на бројката и до 600 новозаболени на дневна основа министерот Филипче по прекинувањето на одмор и вршење увид на состојбата со пожарите како и донесувањето на фрапантните мерки со што се присилува населението да се вакцинира повторно замина да го доврши својот годишен одмор.

Тој за порталот изјавил дека вечерва се враќа, а од утре ќе биде во Скопје.

Како што пишува „А1он“ тоа значи дека министерот одморот го продолжил пред четири дена откако Владата по предлог на Комисијата за заразни болести изгласа нови рестриктивни мерки против коронавирусот, а тој одржа прес-конференција.

Од ВМРО-ДПМНЕ обвинуваат дека Венко Филипче и Зоран Заев јасно им покажаа на граѓаните дека не ги бива за ништо, па ниту да се погрижат за здравјето на народот.

-На прагот на четврти корона бран наместо да ги поттикнат граѓаните да се вакцинираат, тие воведуваат дискриминаторски и фашизоидни мерки. Или ако си вакциниран може да пиеш кафе во кафуле, ако не си ќе си седиш дома. Во меѓувреме, вакцинацијата се спроведува во крајно нехумани услови. Граѓаните чекаат по неколку часа на температури повисоки од околу 40 степени. И наместо да се фатат за работи тие си играат играчки, се грижат за провизии и слично. Но, веќе никој ништо не очекува од нив. Спасот е само нивното заминување од функциите, стои во нивното соопштение до јавноста.

И додека Филипче ужива на плажа, во земјава за само три дена од понеделникот до сега се регистрирани вкупно 1249 заразени лица како и починаа 14 пациенти.

И додека Филипче ужива на плажа, Тетово, Гостивар и Скопје се новите жаришта на вирусот, но засега не се презема буквално ништо.

И додека граѓаните се молат на државата да им помогне, таа се одлучи за користење на годишен одмор.

По прекинот на одмор се вратил на истиот во Грција неофицијално и премиерот Заев.

Најнови вести