вторник, 12. март 2024. Вести денес: 0
home Вести

Заев апсолутен губитник, локалните избори покажаа дека народот бара промена на заевизмот

Заев апсолутен губитник, локалните избори покажаа дека народот бара промена на заевизмот

Премиерот и претседател на СДСМ Зоран Заев излезе апсолутен губитник, народот бара промена на заевизмот како форма на владеење во Македонија, како на локално така и на централно ниво. Ова го покажаа локалните избори на кои ВМРО-ДПМНЕ на чело со претседателот Христијан Мицкоски забележа огромна победа, освојувајќи 42 општини и градот Скопје.

Премиерот Зоран Заев доживеа тежок пораз и покрај тоа што ги користеше сите механизми на власта кои му стојат на располагање со цел да изврши притисок, поткуп или пак да ги уценува граѓаните за да гласаат за кандидатите од неговиот Социјалдемократски сојуз. Поткупот, притисоците и уцените посебно беа изразени и агресивни во вториот круг, особено во предвечерието на изборите.

За тоа сведочат и видео записите на новинарските екипи кои од лице место инсормираа за поткупот и притисоците кои преставници на владеачката СДСМ ги правеа. Овој феномен беше најизразен во градот Скопје, за кој Заев на коцка ја стави политичката кариера играјќи, како што ин милува да каже, „ол ин“ така што изјави дека ако падне Скопје, за кој СДСМ бараше втор мандат за Петре Шилегов, паѓа и владата. И наспроти заканите, притисоците, уцените и поткупот, Скопје падна. Нов градоначалник на македонската метропола е Данела Арсовска, независен кандидат поддржана од ВМРО-ДПМНЕ.

Вториот круг од изборите, агресивниот воспоставен систем на Заев за заплашување, притисоци, поткупи, значително беше изразен и во градот Битола, како и во Кочани, Гевгелија, Охрид. И покрај сетоа тоа, сите овие значајни општини Заев ги изгуби. Како давеник кој што се фаќа за сламка, Заев бараше втора шанса од граѓаните, твдејќи дека ја примил пораката од граѓаните и дека ќе се промени. Но граѓаните добро знаат и паметат колку Зоран Заев може да го одржи дадениот збор. И така, покрај жолтиот картон во првото полуфинале, во вториот круг, свечено, достоинствено, со крената глава граѓаните му испорачаа и црвен картот. Црвениот картон во спортските дисциплини значи исклучување од игра. Истото важи и политичките натпревари.

Со црвениот картон за Заев, граѓаните јасно покажаа и докажаа дека сакаат замена на заевизмот со нов политички поредок кој треба да биде воден од интелектуални и чесни кадри, со интегритет и без дамки во своето работење, луѓе блиски до народот и за народот. Такви се новите ликови во реформираното ВМРО-ДПМНЕ предводено од лидерот Христијан Мицкоски.

Од друга страна, победата на Мицкоски наспроти поразот на Заев, е фантастична. Во прв круг од изборите кандидатите на неговата партија освоија пет скопски општини и градови како Прилеп, Велес, Штип и така натаму. Мицкоски е првиот на кој ова му успева и тоа во периоди кога власта врши разни притисоци врз граѓаните.

Дека Заев е апсолутен губитник и дека на изборите му се случи дебакл потврдува и освоениот број на гласови. Под водство на Заев, на листите за советници СДСМ освои 238.000 гласови што е за над 50 илјади помалку во споредба со ВМРО-ДПМНЕ која освои над 288 илјади и ова е еден од најлошите изборени резултате за партијата во историјата од осамостојувањето на Македонија. Вака лош резултат партијата имаше кога беше под раководство на Радмила Шеќеринска кога на изборите во 2008 година освои 233 илјади гласови.

За ова пишува и поранешната функционерка на СДСМ, Софија Куновска која дебаклот на Заев го спореди со поразот на партија кога Шеќеринска беше на чело на цосијалдемократите.

„Историскиот дебакл на СДСМ се вика Радмила Шеќеринска со 233.000 гласови на изборите во 2008 година. На овие избори титулата Историски дебакл се бори да ја добие Зоран Заев со, засега, 230.000 гласови“, напиша Куновска додека се уште се броеја гласовите во првиот круг од локалните избори.

Најнови вести