Зоран Заев и должи одговор на јавноста дали со мафијашкиот водач Седат Пекер, кој јавно призна дека бил гости во домот на Заев, разговарале за богатото криминално минато на Пекер и за тоа како се раководи со мафијашка организација. Дали Седат Пекер во домот на Заев договорил да добие лажни патни исправи со името Џадин Ахмедовски, со кои ќе може полесно да ги извршува своите активности? Што му понудил за возврат Седат Пекер на Заев, совети за водење мафијашка банда, грабежи, закани, рекет или некој друг вид на криминал, се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.
– Куќниот пријател на Зоран Заев, Седат Пекер, во своето богато криминално минато е обвинуван од судовите за убиства, поттикнување на убиства, рекет и изнуда меѓу многуте кривични дела. Пекер е осудуван многупати, меѓу другото и за создавање и раководење со криминална мафијашка организација, грабежи, измами и киднапирања, велат од партијата.
– Пред неколку години обраќајќи се кон академици од светот, потписници на писмо со кое Пекер не се согласувал, изјавил: „Ќе ви ја пролееме крвта да тече како во поток и ќе гледаме како се давите во сопствената крв“. Дали куќниот пријател на Заев со премиерот разговарале и на оваа тема, прашуваат од ВМРО-ДПМНЕ.
Од паријата посочуваат дека попусти се обидите на владата да го покрие срамот и криминалот на Зоран Заев и други припадници на СДСМ.
– Стана редовна пракса функционери на СДСМ да се блиски со мафијаши и криминалци. Ако органите на правосудството не ги истражат овие криминални врски сега, истите ќе бидат предмет на темелна и сериозна истрага веднаш по ослободувањето на правосудството од притисоците на Заев и неговите соработници, додаваат ВМРО-ДМНЕ.