понеделник, 27. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Заев бега од предлогот на Мицкоски: Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ јавно кажа дека ќе биде мандатар, екс-премиерот сака да се крие зад имунитетот

Заев бега од предлогот на Мицкоски: Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ јавно кажа дека ќе биде мандатар, екс-премиерот сака да се крие зад имунитетот

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски на крајот од ноември говорејќи за претстојните парламентарни избори посочи дека најважно е да се пресликаат европските стандарди во Македонија, а тоа ќе се случи така што согласно европските пракси ќе се воведе кандидат за иден мандатар и токму тој ќе биде носите на кампањата која што политичките партии ќе ја спроведуваат.

-Мислам дека е многу важно тие европски стандарди да ги пресликаме во Македонија. Вие се сеќавате, имаше Европски избори, не така одамна, повторно победи ЕНП и Европската народна партија имаше таканаречен шпицен кандидат, односно мандатар. Ајде да воведеме во Македонија, мандатар, односно носител на мандатот на идната Влада, мандатар кој што практично ќе биде носител на кампањата која што треба политичките партии да ја спроведуваат, додаде тој.

Ваквиот механизам, кој претседателот на ВМРО-ДПМНЕ го предлага да се вметне во Изборниот законик, е дел од европските искуства.

-Мора да имате вие носител на мандатот, односно човек кој што утре ќе ја добие довербата од граѓаните да формира Влада или пак неговата понуда и неговите политики ќе бидат поразени. Зошто да не воведеме во Изборниот закони механизам кој што ќе биде по теркот на ЕНП и кој што беше дел од европските искуства на европските избори, шпицен кандидат, ние да го именуваме како кандидат за мандатар, односно носител на мандатот, забележа тој во тогашното гостување на емисијата на Јанко Илковски.

Ова менува многу, потенцираше Мицкоски, бидејќи оној чија политика ќе биде поразена од граѓаните веќе нема да може да се крие зад пратеничкиот мандат и зад имунитетот.

-Тоа менува многу затоа што Вие излегувате на избори, доживувате пораз и потоа се криете зад пратеничкиот мандат и позади имунитетот кој што го имате во Собранието, а вашата политика граѓаните ја поразиле. Ајде да бидеме честити, вели тој.

Заев продолжува со калкулантските игри- прифати шпицен мандатар, но после поразот не сака да се откаже од имунитетот

По предлогот на Мицкоски, Заев молчеше доста време. Мораше да одговори кога на јавна собраниска седница ова прашање му беше поставено од пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Влатко Ѓорчев.

На прашање од пратеникот Ѓорчев, дали премиерот Заев ќе го прифати предизвикот на лидерот на опозицијата Мицкоски за воспоставување на како што го велат во Европа „шпицен кандидат“, односно кандидат за мандатар за состав на следната влада по изборите на 12 април следната година, премиерот Заев пропушти да одговори дали ќе си даде оставка и ќе си замине од политиката.

-Дали вие како лидер на СДСМ, како претседател на владата сте подготвени пред граѓаните на Македонија да излезете со јасна понуда и да се каже кој е кандидатот за премиер и доколку победи тој ќе ја води владата, дали вие господине Заев макар и да имате еден глас помалку од ВМРО-ДПМНЕ сте подготвени да ја напуштите политиката и да поднесете оставка од претседателското место во СДСМ, затоа што граѓаните се тие коишто го имаат последниот збор ?-праша пратеникот Ѓорчев.

Премиерот Заев од собраниската говорница одговори дека тој ќе биде кандидатот за премиер и ќе „играл“ како што вели на сите позиции. Тој вели дека очекува победа на СДСМ со убава разлика за да добијат еден цел мандат од четири години и да се посветат на внатрешните трансформативни процеси.

Но, Заев не собра храброст директно да застане зад предлогот на Мицкоски.

-Јас се согласувам да имаме кампања каде што двата премиерски кандидати ќе бидат истакнати, ќе бидат видливи, ќе бидат отворени, ќе бидат транспарентни, дуел ќе прифатам во било кое време на секој медиум, на секоја можност, се надевам вашиот лидер тоа ќе го прифати затоа што тоа е дел од обврската наша како кандидати – вели Заев, но пропушти да одговори дали доколку при неуспех на престојните избори ќе се повлече од политиката и од претседателското место во СДСМ.

Мицкоски јавно го повика Заев да се изјасни

Две недели по јавно кажаниот предлог, Мицкоски му се обрати и директно на Заев барајќи од него јавно да се изјасни за предлогот за мандатар.

-Предложив да се направат измени на изборниот законик, согласно европските искуства, со кои ќе се воведе кандидат мандатар за новата влада, со што граѓаните ќе ги знаат пред изборите, а воедно тие што ќе загубат, односно нема да добијат доверба од граѓаните да си заминат од политиката, а со цел да имаме еден демократски циклус на нови ликови и нова енергија. Молкот на власта кажува две работи, прво Зоран Заев знае дека ќе ги загуби изборите, и второ тој планира да се крие позади имунитетот како пратеник, истакна Мицкоски на својата прес-конференција.

ВМРО-ДПМНЕ со поддршка Мицкоски да биде кандидат за мандатар по изборите во април

Централниот и извршниот комитет на опозициската ВМРО-ДПМНЕ, на 26-ти декември одлучија лидерот на партијата, Христијан Мицкоски да одбере кој ќе биде кандидат за идни министри во техничката влада.

Генералниот секретар на партијата, Игор Јанушев, кажа дека кандидатите избрани од Мицкоски ќе треба да се погрижат да има фер и демократски избори на 12 април.

Мицкоски добил поддршка тој да биде мандатар по изборите.

-Комитетите дадоа поддршка на Мицкоски да биде кандидат за мандатар по завршување на изборите на 12-ти април, на кои што ВМРО-ДПМНЕ ќе издвојува победа, рече Јанушев.

Мицкоски мандатар, Заев се крие зад имунитетот

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ однапред кажа дека ќе биде мандатар. Тоа значи дека доколку ја добие довербата на народот ќе формира Влада, а доколку не-ќе се повлече.

Но, Заев се крие зад својот пратенички мандат и ваквиот чесен предлог на Мицкоски, не е во негова корист.

Најнови вести