четврток, 9. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Заев да каже колку пати на “братот” Бојко му кажал да не ја блокира Македонија – бара ВМРО-ДПМНЕ

Заев да каже колку пати на “братот” Бојко му кажал да не ја блокира Македонија – бара ВМРО-ДПМНЕ

Зоран Заев да каже колку пати на “братот” Бојко да не ја блокира Македонија и дали се спротиставил на сите кочења кои неговиот “брат” и ги приредил на државата?  Зоран Заев ја изрезили државата, порачуваат од ВМРО-ДПМНЕ.

„Додека Македонија тоне на сите полиња, и немаме вакцини, бидејќи сме на 118 од 122 места на листата на Блумберг по број на вакцинирани. Моментално сме на 5 место по невакцинирање и на 5 место по починати. Кримималот цвета, на родилки им се вадат органи, а парите на народот се трошат за непотребни тендери за набавка на софтвери. Драги Рашковски, кој е човекот зад криминалот со софтверот никаде го нема“ – се наведува во партиското соопштение.

Од партијата бараат: Заев да каже дали Рашковски е во Мексико и дали бега од одговори додека во Македонија топ тема е неговиот случај и сомнежите за криминал.

„И додека криминал има на сите страни, тука е Заев да се замеша во се. Заев не кажува зошто се јавувал на Деве Баир за поминување на 5 возило. Што имало во нив и зошто после се бришани полициски извештаи?“ – прашуваат од партијата.

Најнови вести