вторник, 7. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Заев го дисциплинираше Иванов: Откако го укори зошто ја критикува бугарската Влада, тој се самоцензурираше

Заев го дисциплинираше Иванов: Откако го укори зошто ја критикува бугарската Влада, тој се самоцензурираше

Зоран Иванов сепак ги избриша своите постови за Екатерина Захариева, министерката за надворешни работи на Бугарија.

Доцна вчера вечерта на неговиот профил го немаше ниту првичниот пост, кој беше со остра реторика за Екатерина Захариева и за Дора Бакојани, ниту вториот пост со кој објаснуваше зошто така се изразил за една жена, пишува ФАКТОР.

Последна на неговиот профил беше фотографија од 25 октомври.

Владата уште по неговиот првичен пост одлучи да го разреши Иванов како претседател на Извршниот одбор на Македонската информативна агенција.

Вчера вечерта, во својата изјава за ТВ 24, Зоран Иванов рече дека нема намера да го повлече својот прв пост на ФБ, додавајќи дека за него најголем говор на омраза е негирање на нацијата и јазикот.

Целата вест прочитајте ја на ФАКТОР.

Најнови вести