четврток, 23. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Заев го расцвета судството како пупка: „Со Врховен се договоривме трас-трас“

Заев го расцвета судството како пупка: „Со Врховен се договоривме трас-трас“

Јавноста денеска беше сведок на нова аудио бомба која ја презентираше пратеникот Антонио Милошоски во партиското седиште на ВМРО-ДПМНЕ по што буквално граѓаните на Македонија се уверија на поврзаноста и влијанието на Заев во судскиот систем во државата.

Според многумина ова е спротивно на ветувањата на Заев дека ќе го отвора судството како пупка како што ветуваше неодамна.

Јавноста исто така е згрозена од блискоста и влијанието на З.З со претседателот на Врховниот суд Јово Вангеловски со кого заедно договарале паѓање на судски случаи.

Новата „бомба“ го поврзува Заев со случајот „Рекет“

На youtube каналот каде што е објавена оваа снимка, наведено е дека се работи за состанок во мај 2019 година на кои се присутни З.З., едно лице опфатено во случајот рекет и НН лице. Аудио снимката укажува на грубо мешање на извршната во судската власт, како и одлучувачката контрола на извршната власт врз работата на обвинителството во државата.

Аудио бомбата која Антонио Милошоски ја објави покажува дека Заев се слушал со Јово Вангеловски претседател на Врховниот суд за да паднат одредени предмети. Тој признава дека иако го критикувал Јово со него се блиски и дека Катица Јанева знае дека ќе паднат предметите и така ги тера случаите од СЈО.

Овој разговор кој е од висок јавен интерес, директно го поврзува екс премиерот Зоран Заев со „Рекет“, бидејќи Катица Јанева знаела за одлуката на Врховен во полза на Империја и дека рекетот е наплатен за таа одлука божем работата ја завршила Катица. А Заев се фали дека работата пред Врховен ја завршил тој.

За судството кое што требаше да го отвори Заев како пупка неодамна потсети и лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски.

-Зоран Заев вети дека ќе го отвори судството како пупка…секој ден гледаме на што мислел. Што е со инспираторот за Рекет, или тука на неколкумина ќе запре се? Што е со парите од куферот, што е со предупредувањето до обвинетите дека се пријавени, што е со многу прашања на кои јавноста нема одговори. Многу поминавме уште малку остана. Правда ќе има и таа ќе важи за сите. Доаѓаат и одговорите на дилемите. Обновата доаѓа!, нашиша неодамна на својата Фејсбук страница лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски.

Ова ли значеше отвореното судство како „пупка“ на Зоран Заев? Амбасадорката на САД, Брнз, неодамна порача дека корупцијата е најголем проблем

Кога зборувате со луѓето низ земјава јасно е дека корупцијата предизвикува огромна загриженост. И борбата со корупцијаа е толку клучна затоа што е број еден препрека за позитивната иднина на оваа земја, за нејзиниот развој, за се што се надева да постигне. Мислам дека е многу важно да се препознае дека независно дали се работи за корупција на високо ниво во форма на поткуп на високи службеници или ситна корупција која граѓаните ја чувствуваат на дневна основа кога чувствуваат дека треба да платат за да го запишат детето во одредено училиште, за да добијат работа или фер третман во болница. Сите овие форми на корупција ја изобличуваат економската ситуација и креираат недовреба во општеството, рече амбасадорката Брнз.

Инаку во целата Аудио бомба која можете да ја слушнете погоре Заев вели дека со Јово бил на ручеци и дека власта стоела зад врховен суд.

З.З.; Со Јово и сум бранел во јавност и сум јадел …. Цела јавност знаеше дека власта стои зад Врховен суд; Врховен суд тоа сам не може да брка.

З.З.; Им реков почекајте, ќе видите одлука на Врховен суд, оп, се случи одлуката на Врховен суд. Законот за СЈО што го преговаравме, до касно го преговаравме. Ако се издоговориме тоа многу брзо ќе му се стави крај, трас – трас готово; ако не се издоговориме ќе се заврши на одложен рок, но ќе се заврши; одлуката на Врховен суд е донесена.

Најнови вести