вторник, 28. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Заев и официјално се откажа од Eгејците и топонимите

Заев и официјално се откажа од Eгејците и топонимите

Премиерот Зоран Заев во интервју за грчката национална телевизија ЕРТ и уште пред да стапи договорот на сила се откажа од Mакедонците во Егејска Македонија и од македонските топоними таму, па така за Заев Солун повеќе не е Солун, туку Тесалоники.

Mакедонците во Грција не се Mакедонци, туку наши пријатели кога одиме во Тесалоники, по зборовите на премиерот.

– Значи ние го прифаќаме хеленистичкиот македонски идентитет и немаме ништо против тоа и го признаваме. Тоа се веројатно наши пријатели кога сме присутни во Тесалоники, на краците, вели Заев во интервјуто за ЕРТ.

Според Заев  ние како народ имаме друг идентитет и немаме ништо со античката историја, која тој ја нарекува хеленистичко македонска историја, која според него и припаѓа на Грција. Така откажувајќи се од Александар Македонски, Филип II, целата антика се до средниот век, историја која според договорот е грчка.

– Ние сме различни во рамките на овие граници, со нашата посебност, со нашата култура, со нашата историја, заклучува Заев.

Најнови вести