Премиерот Зоран Заев уште еднаш ја излажа јавноста дека не се возел со „Мерцедесот“. Во медиумите имаше ексклузивни снимки, кои докажуваат дека не бил сам, туку друштво му правела и Радмила Шекеринска.
Иако жестоко говореа против набавката на „Мерцедесот“, без срам премиерот си ги погази сопствените ветувања и го користеше ова возило.
Зоран Заев и на вчерашниот дуел со лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски повторно ја излажа јавноста дека не го користел блиндираниот Мерцедес С600.
Пред фактите и Боговите молчат, а факт е дека Заев откако стана премиер беше снимен како се вози со Мерцедесот потценувајќи ја интелегенцијата и паметењето на граѓаните.
Често кога ќе има посета на некој висок функционер од странство тој се превезува со ова возило за кое често од истиот премиер слушавме дека е непотребно, а сега гледаме дека се користи без исклучок.
Пример за користење на ова возило за високи гости е гостувањето на Генералниот секретар на НАТО Столтнбрг во Република Македонија, а подоцна и не многу одамна и при посетата на Тереза Меј премиерка на Велика Британија.
Се поставува едноставо прашање „доколку нема потреба од ова возило во државата, зошто премерот го користи, а го користи и за странски делегации, кога гостуваат во нашата држава?“.
По вчерашната изјава на Заев за мерцедесот, денеска на својот Фејсбук се огласи и новинарот Миленко Неделковски.