Заев ја злоупотребува постапката со европското знаме за да го донесе законот за опојни дроги за личен профит. Заев во скратена постапка го пушти законот за марихуана, со тоа Заев сака да ја легализира продажбата и на сув цвет од марихуана за фирмите на братучедите. Заев низ собрание турка закон за Трајче и Вице, стои во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.
Од партијата велат дека СДСМ пушти вкупно 12 закони во собраниска процедура со европско знаме, што значи скратена постапка и скратени можности за пратениците за дискусија и предлагање на измени.
– Меѓу законите кои Заев сака да ги протне е и законот за академијата за судии и јавни обвинители, со цел да стави целосно рака врз изборот на судии и обвинители. Ниту еден од предложените закони не е европски закон. Заев и СДСМ сакаат да ги злоупотребат институциите и законите за свое лично богатење. Заев знае дека ќе загуби и најважно му е да го заштити капиталот. Сите овие закони се само за заштита на парите на Заеви. ВМРО-ДПМНЕ нема да го дозволи тоа и ќе го блокираме Собранието доколку самоволието на власта продолжи. Истовремено ги повикуваме и претставниците на меѓународната заедница, а особено ЕУ да не дозволат ваква злоупотреба на постапката со европско знаменце, посочуваат ВМРО-ДПМНЕ.