четврток, 16. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Заев кажа дека нема црвени линии и Грците почнаа да ги редат барањата

Ваквиот настап на Заев од страна на грчките власти е дочекан со отворени раце и веројатно протолкуван како повик да се наведе се што грчката страна сметала или не сметала дека ќе помине во преговорите за проблемот кој Грција го има со нашето уставно име.
Заев кажа дека нема црвени линии и Грците почнаа да ги редат барањата

Официјална Атина почна да „шутира пенали“ на празен гол откако премиерот Зоран Заев во интервју за грчката телевизија Алфа истакна дека Македонија нема никакви црвени линии во преговорите во Грција.

Ваквиот настап на Заев од страна на грчките власти е дочекан со отворени раце и веројатно протолкуван како повик да се наведе се што грчката страна сметала или не сметала дека ќе помине во преговорите за проблемот кој Грција го има со нашето уставно име.

Министерот за надворешни работи на Грција, според грчките медиуми, за време на седницата на Владата, ги известил министрите за грчките позиции во преговорите за името.

Повикувајќи се на свои информации, медиумите во Грција, меѓу кои и државната агенција, како што јавува дописникот на МИА од Атина, објавија дека сложено име со географска одредница за севкупна употреба е позицијата што ја претставил Никос Коѕијас.

– Според информациите, министерот за надворешни работи во неговото обраќање го извести Министерскиот совет за позициите со кои грчката страна учествува во преговорите за името со пЈРМ. Господинот Коѕијас, рече дека националната позиција беше веќе претставена во 2007-2008 и се однесува на сложено име со географско потекло и за севкупна употреба, пишува грчката новинска агенција, пренесува МИА.

Според АПЕ-МПЕ, Коѕијас рекол дека конкретното прашање, актуелната Влада го наследила, затоа што во минатото не се преземале иницијативи.

– Оваа влада е смела и сериозна и има храброст доследно да оди кон решавање на проблемите, рекол шефот на грчката дипломатија, според грчката државна агенција.

Грчката телевизија Скај на нејзиниот сајт објави дека Коѕијас во неговото обраќање не споменал конкретни предлози за името, а освен министерот за надворешни работи, за време на седницата на Владата, за прашањето за името не говорел никој друг министер.

Претходно, како што веќе објави МИА, во 20-минутното обраќање пред министрите, на почетокот на владината седница, спорот со името, кусо го спомена грчкиот премиер.

Дека грчката Влада се залага за сложено име за севкупна употреба е веќе познато по миниминистерскиот совет одржан минатиот четврток, во премиерската палата. Тогаш, Никос Коѕијас по завршување на состанокот, во изјава за новинарите рече дека „во прашањето за името, Владата, поддржува и преговара за едно сложено име, едно име за сите употреби, она што Грција го презентираше како позиција и во Букурешт.“

Најнови вести