Премиерот Зоран Заев ќе го повлече предлогот истовремено да биде министер за финансии, дознава Плусинфо од собраниски извори, пренесува Плусинфо.
Седницата за избор на нови членови на Владата требаше да почне во 11 часот, но сѐ уште не е почната токму поради оваа причина.
Според нашите информации, засега ќе нема предлог за нов министер за финансии, но не се знае ни дали Драган Тевдовски ќе остане на функцијата.
Дали има судир на интереси се очекува да се огласи и Антикорупциската комисија од каде, според нашите информации, за кратко време треба да се огласат и со официјално соопштение.