петок, 17. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Заев: Ни треба камшикар од ЕУ и НАТО да не потсреди сите, од мене на чело, па надоле сите (ВИДЕО)

Заев: Ни треба камшикар од ЕУ и НАТО да не потсреди сите, од мене на чело, па надоле сите (ВИДЕО)

Премиерот Зоран Заев вчера од Велес де факто призна дека е неспособен и нема капацитет да управува со државата како што треба, па вели дека му треба камшикар од ЕУ и НАТО, кој ќе ја потсредел владата почнувајќи од него на чело, па надолу со сите.

– Ни треба камшикар, ни треба некој од ЕУ и НАТО да дојде овде и малку да не подсреди, сите од мене на чело, па надоле сите. Затоа што мора да има европски ред и поредок, мора да има европски правила, тоа е нешто кое што сакаме и тежнееме да го постигнеме, рече Заев вчера во Велес.

Доколку одреден политичар признава дека е неспособен и нема работни манири, па му треба некој со камшик кој ќе виси над него и ќе му кажува што треба, а што не треба да прави, тоа покажува дека истиот нема капацитет самостојно да управува, и дека неговиот капацитет е само да извршува тоа што некој друг ќе му го нареди, а притоа тој некој постојано да го набљудува дали нема да згреши во тоа што му е зададено како задача.

Заев буквално со оваа изјава признава дека оваа влада на чело со него нема капацитет да ја води државата.

Најнови вести