четврток, 30. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Заев од комедијант, за кој мисли дека е Порошенко, прифаќа совети како Албанците да му станат лојални (ВИДЕО)

Заев од комедијант, за кој мисли дека е Порошенко, прифаќа совети како Албанците да му станат лојални (ВИДЕО)

Руските комедијанти кои во лажен разговор го наместија премиерот Зоран Заев, му нудат и помош за односот со Албанците во Македонија.

Заев мисли дека разговара со поранешниот претседател на Украина, Петро Порошенко, па ја прифаќа помошта која му се нуди за, како што се вели, да добие најлојални Албанци.

-Јас можам да ви дадам некој совет, како би ви биле полојални. Знаете, ние имаме голем процент на кримски татари, кои не ја признаваат руската окупација и некои од најрадикалните живеат во Киев сега. Некој од руските медиуми ги нарекуваат терористи. Јас им понудив автономија во окупираната територија и сега тие се многу лојални. Дајте им нивен јазик, знаме, грб, идентитетска политика и вие ќе ги имате најлојалните Албанци. Тоа е политика, ако ги немате радикалите во вашите раце, тоа ќе биде проблем за вас, во секој случај помага, му велат тие.

На ова, македонскиот премиер одговара:

„Јас се согласувам, да… многу добро. Ние ќе бидеме многу благодарни“.

Потоа Заев веќе ги договара следните активности.

-Ве молам нека го контактира тој човек нашиот кабинет, јас ќе го очекувам да не посети доколку е возможно. Да има и состанок со мене, ако е можно, вели тој.

Рускиот комедијант потврдува:

„Да секако, јас ќе ви ги пратам моите луѓе“

Најнови вести