Заев во своја изјава ненамерно откри уште еден скандал поврзан со се уште актуелниот директор на БЈБ, Лазо Велковски. Во изјавата тој истакна дека Велковски е нивен човек, односно член на СДСМ, со што ги потврди шпекулациите дека раководните структури на МВР се бирани по партиски клуч, а не според професионалните достигнувања.
Според Став 1, Член 168 од Законот за внатрешни работи ,, Работник во Министерството не смее да основа, да раководи, да ја застапува и претставува политичката партија и да биде член на органите на партијата утврдени со нејзиниот статут’’, што значи дека Велковски директно го прекршил овој член од законот.
-Велковски е припадник на СДСМ и верува во политиките на Социјалдемократскиот сојуз и секогаш важел за сплотувачки фактор во партијата. СДСМ е единствен и е сплотен, посебно пред важни моменти и апсолутно овде се работи само за чин на понесување на одговорност. Се работи за понесување на одговорност, она што го очекуваат граѓаните од политичарите, од носителите на јавните функции, вели Заев.
Членувањето во политичка партија особено е спорно кај вработените во МВР кои се дел од раководните органи на министерството, току како позицијата директор на Бирото за јавна безбедност на која се наоѓа Велковски. Партизацијата на една клучна институција како МВР е огромен проблем за граѓаните, поради можната селективност во правдата, а истата направи и внатрешен проблем во МВР, бидејќи долгогодишни професионалци беа заменети со партиски кадри на владеачката СДСМ.