Дали лидерот на СДСМ, Зоран Заев, ќе биде соодветно санкциониран поради непочитување на препораките на здравствените власти за избегнување на групирање и престој во шумски области?
Ова прашање се поставува откако екс-премиерот вчера со своите пријатели направија излет до беровско. Возеа мотори, а беа придружувани од државно обезбедување,
Дали Заев не ги почитува мерките на Филипче бидејќи мисли дека тој е над сите останати и него никој-ништо не му може?
Лидерот на СДСМ не е над законите и затоа треба тој да биде казнет исто како што би се казнил било кој друг граѓанин ако го направеше истото.
Заев покажа дека не го почитува Филипче и мерките на Владата која сега ја води Оливер Спасовски.
Додека сите граѓани се затворени во своите домови дури и за велигденските празници, бидејќи ги почитуваат законите Заев си вози мотори.
Само еден ден откако му престана периодот за самоизолација по контакт со лице инфицирано со коринавирусот, веднаш ги прекрши препораките на министерот за здравство Венко Филипче, именуван токму од неговата СДСМ.
Заев изјави дека ќе остане дома, но излажа.
Од петокот беше воведена забраната за движење во шуми и шумско земјиште, со забрана на излети и посети на парк шуми. Забраната важи од 06 до 20 часот. Оние кои нема да ја почитуваат забраната и ќе бидат затекнати, ќе им биде изречена глоба од 1.500 до 2.000 евра во денарска противвреднос, според уредбите на Владата.
Меѓутоа Заев и неговите пријатели и покрај оваа забрана, со своите мотоцикли со голема брзина се движеа од струмичко кон беровско токму низ шумски предел.
Од друга страна, пак, Спасовски и министрите од СДСМ во техничката влада наложија полицајци да ги „бранат“ црквите од верниците во текот на најголемиот христијански празник Велигден.
Надлежните се на потег! Нека докажат дали законите важат за сите или Заев е над законот и над граѓаните!