Јас бев на одмор 3 дена и се вратив затоа што дефинитивно почувствував дека народот сака да ме види овде, кажа денеска премиерот Зоран Заев.
-Системот функционира како што кажа и директорот на ЦУК, координацијата се прави на телефон, граѓаните очекуваат премиерот да биде премиер и да го координира системот, а системот е воспоставен со кризната состојба, управува со него директорот на ЦУК, дирекцијата за заштита и спасување, општинските штабови, противпожарните единици и сите единици, со нив дополнително се координираат полицијата, армијата и системот функционираонака како што функционира во сите европски земји, со сите негови предности и слабости и учиме заедно низ него. Драго ми е што можеа и вака функционален систем да го искординираат и со пет стрнски сили за гасење кои се вклопени заедно со нашите сили и делуваат сплотено на терен, кажа Заев.