По големиот пораз на локалните избори, Зоран Заев поднесе оставка.
Тој вечерва истакна дека поднесува оставка од премиер и претседателското место во СДСМ.
-Ја превземам одговорноста на себе за ваквиот развој на политичките настани заклучно со резултатите на овие избори. ПОДНЕСУВАМ ОСТАВКА ОД ПРЕМИЕР И ОД ПРЕТСЕДАТЕЛ НА СДСМ, истакна Заев.