четврток, 9. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Заев потона во земја, државата без премиер

Заев потона во земја, државата без премиер

Ни трага, ни глас од премиерот Зоран Заев откако вечерта на 31-ви октомври по поразот на локалните избори на прес конференција најави дека си поднесува оставка од премиерската, но и од претседателската функција во СДСМ.

Една недела помина, а Заев ниту ја доставил оставката во Собранието, ниту пак се појавил на некое телевизиско интервју. Не е активен ниту пак на неговиот фејсбук профил, а СДСМ по доживеаниот пораз речиси и да ги немаат веќе оние прес конференции и соопштенија со негативен наратив против опозициската ВМРО-ДПМНЕ, што делува не само загрижувачки од аспект што се случува во владејачката партија, туки и запрепастувачки бидејќи нашите информации говорат дека Заев не се појавил ниту во партиското седиште, најверојатно поради барањето одговорност од страна на партиските членови и активисти.

Но, кога се Заев и СДСМ во прашање се е можно. Па така во најголемата не само здравствена, економска, туку сега и енергетска криза Заев ја остави државата без премиер, што само дополнително потврдува дека и не е му беше толку важно доброто на граѓаните, туку сопствениот интерес и придобивки од позицијата.

Одредени медиуми пишуваа дека Заев има намера оставката да ја одолговлекува до декември, но од неговиот кабинет ги демантираа ваквите информации, велејќи дека оставката е јасен чин за превземање одговорност.

Оставката на Заев значи и оставка на цела влада, и тоа е предвидено во член 93 од највисокиот правен акт на државата.

Но, се чини дека не е така. Веќе една недела помина, а Заев ниту доставил оставка, ниту пак се појавил. Ваквото бегање и неодговорно однесување само дополнително ја подгрева ситуацијата и е можност за ново сценарио за влегување на државата во нова политичка криза која во овој момент е најнепотребна.

Од друга страна пак, лидерот на опозицијата Христијан Мицкоски наместо да седи и да чека државата да тоне, презема чекор за кои до сега на македонската политичка сцена никој не успеал да го направи, а тоа е формирање на ново парламентарно мнозинство со останатите опозициски партии од македонскиот и албанскиот блок.

Во петокот вечерта го најави новото парламентарно мнозинство, а веќе денеска како што најави вчера Мицкоски до 14:30 е предвидено да биде поднесе иницијатива за гласање на недоверба на влада доколку Заев и овој пат се предомисли и не ја поднесе оставката до Собранието.

Од ВМРО-ДПМНЕ велат пак дека колку подолго се развлекува оставката, толку е полошо за државата.

Државата нема премиер, се додека губитникот Заев не си замине од политиката Македонија ќе губи. Народот и го зема легитимитетот на владата на СДСМ – ДУИ, Заев е детронизиран. Имаме ново мнозинство со Алијанса, Алтернатива, БЕСА и Левица за пад на Заев. Доколку Заев денес до 14:30 часот не си поднесе оставка до Собранието, пратениците од овој блок ќе поднесат интерпелација за Владата.

Заев не е премиер, и колку повеќе се развлекува оставката, толку е полошо за државата. Губитникот Заев мора да си замине, за на Македонија да и тргне. Македонија не смее повеќе да губи, стои во партиското соопштение.

Во овој момент најважно е што побрзо излегување на државата од кризата, и враќање на нормалното функционирање на институциите.

Дали Заев ќе остане доследен на зборот барем еднаш до сега во неговата политичка кариера и навистина ќе ја поднесе оставката останува да почекаме.

Најнови вести