понеделник, 25. декември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Заев позади затворени врати го руши македонскиот идентитет и се откажува од Гоце Делчев и јазикот

Заев позади затворени врати го руши македонскиот идентитет и се откажува од Гоце Делчев и јазикот

Власта позади затворени врати го руши македонскиот идентитет, преку прифаќање на бугарските барања за откажување од историјата, Гоце Делчев и јазикот. Поинаку и не може да се толкува тоа, ако Бугарија инсистира дека не отстапува од своите барања, а министерот за надворешни работи вели дека има напредок во преговорите, но не изнесува детали за јавноста.

Имено, во текот на вчерашниот ден министерот за надворешни работи, Бујар Османи се сретна со германската амбасадорка во Македонија, Анке Холштајн и бугарскиот амбасадор, Ангел Ангелов кој беше дециден дека Бугарија нема да ги промени своите ставови, бидејќи за тоа има парламентарна декларација и владина одлука.

– Бугарија не може да ја промени позицијата затоа што има декларација на парламентот и одлука на владата. Тоа што се говори во ЕУ внатре, тоа е проблем на ЕУ. Тоа е проблем на Брисел, не е наш проблем, рече Ангелов на средбата со Османи.

Дека Македонија не може да се надева на европско мешање во спорот и притисок кон Бугарија, ни беше порачано од германската амбасадорка. Таа истакна дека ЕУ нема да се меша во разликите на билатералните спорови.

– Во интерес на Бугарија е да ја задржи репутацијата на цврст поддржувач на регионот. ЕУ не може да навлегува во разликите кои постојат меѓу една земја членка и земја кандидат. Билатералните прашања треба да се решаваат билатерално, рече Холштајн.

Сепак, македонскиот министер за надворешни работи, Османи е задоволен и вели дека има напредок во преговорите, но не открива какви.

– Напредок во преговорите со Бугарија има, но не би навлегувал во детали во овој момент, информираше министерот за надворешни работи Бујар Османи. Решенијата се бараат во рамките на Договорот за добрососедство, со кој отворивме ново поглавје во нашите односи, изјави Османи за медиумите.

Од што е задоволен Османи и за каков напредок говори, кога и Бугарија и ЕУ се јасни дека нема попуштање од бугарската страна по однос на нивните барања? Ова значи само една работа, а тоа е дека македонската страна попушта и како и дека настапува без црвени линии. Ако Бугарија не отстапува од вето и условите, значи дека Македонија веќе има прифатено да ги менува историјата, Гоце Делчев и јазикот.

Бугарија бара Македонија да прифати дека македонска нација и јазик не постоеле пред Првото заседание на АСНОМ на 2 август 1944 година. Според нив тогаш настанала македонската вештачка творба, а се претходно и припаѓа на Бугарија, вклучително и Гоце Делчев и илинденскиот период, односно тоа што ние го сметаме за почеток и темел на македонската борба за државност и самостојност.

Единствено така може да се сфати напредокот во преговорите за кој зборува Османи, дека македонската влада на премиерот Зоран Заев позади затворени врати се откажува од македонскиот идентитет граден преку илинденскиот период, но и македонскиот јазик кој може да се нарече чувар на идентитетот. Додека не убедуваа дека со претходните договори добиле гаранција за идентитетот и јазикот, сега се покажува дека не само што не се избориле за нив, туку и самите ги срушиле настапувајќи во преговорите со Грција и Бугарија без никакви црвени линии и без грам национално и државничко чувство.

Најнови вести