По скандалозната аудио бомба која ја слушна целата нација разочарани граѓани започнаа герила акција низ целата земја.
Имено вчеравечер осамнаа графити низ многу населби во земјава, меѓу нив и во главниот град Скопје.
Преку графитите граѓаните го искажуваат својот револт од односот на Заев со претседателот на Врховниот суд Јово Вангеловски и притвореничката Катица Јанева.
„Катица=Заев“, „Заев превара“, „Заев: Близок сум со Јово“, „Заев правдоубиец“, „Заев: Или закон за ОЈО или трас-трас- Врховен“, се само дел од натписите кои осамнаа овие денови.