сабота, 2. декември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Заев пред две години ветуваше решавање на проблемот со тетовската гимназија- сликата денес иста како тогаш

Заев пред две години ветуваше решавање на проблемот со тетовската гимназија- сликата денес иста како тогаш

Заев ветуваше, но не исполни изградба на дополнителниот простор во тетовската гимназија „Кирил Пејчиновиќ“.

Имено Заев во октомври 2017 година во пресрет на локалните избори во Македонија заедно со Теута Арифи вети дека ќе се реши проблемот со просторот во кој учат средношколците.

Точно две години по ветувањето само за политички гласови од доградбата нема ништо, а лани директорот на гимназијата отиде и контра Заев велејќи дека Заев повторно лаже за изградбата и доградбата на просторот во училиштето.

Лани реагираа и од ВМРО ДПМНЕ, од каде велеа дека откако СДСМ се истрчаа со нивната понуда за решавање на проблемот со гимназијата, тонат од лага во лага, и нижат само празни ветувања, кои учениците македонци не ги заслужуваат.

Инаку поради просторниот проблем, учениците Македонци, со години учат по разни објекти со несоодветни услови, а така ќе ја започнат и оваа учебна година. Нивната голгота наместо да се реши, се трупаат само безброј ветувања и лаги на властите.

Најнови вести