понеделник, 6. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Заев пред една година и Заев денес: Што ветуваше, а што направи во преговорите со Грција?

Заев пред една година и Заев денес: Што ветуваше, а што направи во преговорите со Грција?

Нема да го смениме уставното име на Република Македонија. Одлуките ќе ги носиме со опозицијата. Конечната одлука ќе ја даде народот на референдум. Овие тези ги пласираше премиерот Зоран Заев, лани во месец мај. Само една година подоцна докажа пред јавноста дека овие три тези биле три лаги.

Во своето гостување во ТВ 21, во мај 2017-тата, Заев изјави:

-Не е тема на разговор уставното име на Република Македонија. Можеме да разговараме за варијабли или слично. Тоа што е важно, да бидат спокојни граѓаните, заедно со идната опозиција, ќе ги носиме одлуките. Конечните одлуки ќе бидат на референдум на граѓаните. Тоа уште еднаш потврдува дека уставното име на Република Македонија нема да се менува, а решение на проблемот ќе се изнајде, рече тогаш Заев.

Неговата изјава погледнете ја во видеото почнувајќи од 41:49

Денес се случува сосема спротивното од неговите тврдења. Заев со Грција преговара за промена на уставното име на нашата земја и го договара тоа.

Опозицијата постојано ја исклучуваше од процесот, па ВМРО-ДПМНЕ бараше итна лидерска средба за конечно да биде информирана од премиерот.

Заев веќе јавно го соопшти и предлогот за промена на нашето име, без да ги праша граѓаните на било кој начин.

Најнови вести