Соочен дека од премиерската позиција заминува наскоро, а според анкетите нема да се врати на истата, премиерот Зоран Заев почна да ги вдомува своите кадри.
Ако нешто ја отслика во медиумите неговата работа тоа е дефинитивно лошиот ПР и многубројниоте грешки кои ги правеа изминатиов период.
Главниот за односи со јавноста, десната рака на Зоран Заев, Марјан Забрчанец сега има друга позиција.
Тој од главен за ПР се трансформираше во национален координатор за интеграција во ЕУ.
Кадрите кои се “прославија“ во Шарената револуција од Заев добија работни места како благодарност. Но, сега од бродот кој тоне бегаат и тие. Од кабинетот на Заев следува селење во Генералниот секретаријат.