МРТ нема променето ништо во изминатата година и три месеци, вели премиерот Зоран Заев во гостувањето во 1 ТВ.
Незадоволен од работата на јавниот сервис, македонскиот премиер е решен да направи реформи преку законот за медиуми. Тоа сака да го направи што поскоро и ја обвини опозицијата.
Како што објасни, причината зошто не е возможна реформа на јавниот сервис е тоа што законот треба да се донесе со двотретинско мнозинство, а ВМРО-ДПМНЕ го блокира тоа во Собранието.
Иако само по себе е скандалозно што премиерот јавно се меша во независното работење на МРТ, тој отиде чекор подалеку и побара оставки од раководните лица.
-Тоа што се случуваше на МРТ за време на преносите ни помалку ни повеќе, бара одговорност, треба директно да се побараат оставки од директорот, главниот уредник и програмскиот совет, рече Заев и порача дека ќе направи се да го одблокира законот.
Премиерот со ваквите изјави призна дека му треба законот за медиуми за да го стави под своја контрола јавниот сервис.