Премиерот Зоран Заев денеска на прес-конфернција ја потврди информацијата дадена од министерот за надворешни работи Никола Димитров во врска со протерувањето на руски дипломат поради, како што рече, постоење сериозни сомнежи односно докази поткрепени со документација и согласно дипломатските процедури и оти во случајов е постапено согласно Виенската конвенција и домашните закони.
– Секако претходно преку МНР го контактиравме и претседателот на Иванов. Тој има свој став, но ние ја заклучивме и таа постапка пред да ја донесеме самата одлука, рече Заев.
Запрашан дали постои опасност од нарушување на односите со Русија, тој рече дека не би требало тоа да се случи.
– Официјалните ставови на високите личности од Руската Федерација се дека законите мора да се почитуваат и службите кои што работат насекаде, тоа се пред се овластени, односно акредитирани дипломатски претставници, наши Руси овде и насекаде во светот мора да ги почитуваат Виенските конвенции, односно она што значи обврска што самите земји ја прифатиле, а секако и законите на матичните земји, рече Заев. (МИА)