Премиерот Зоран Заев денеска од новинарите прв пат слушнал дека кандидатот на СДСМ за градоначалник на Општина Аеродром бил осуден за нанесување на тешки телесни повреди.
Во делот за новинарски прашања по денешната прес-конференција на Заев, на самиот крај на Заев му беше посочено дека иако тој постојано напоменува како кандидира чесни и одговорни лица, а последните денови во јавноста излегоа документи за осудуваност на кандидатот на СДСМ за Општина Аеродром – Александар Филиповски.
Документот за казната која Филиповски ја добил за нанесување на тешка телесна повреда или претепување на друго лице, беше најпрво објавен на социјалната мрежа Твитер, а потоа и од порталот „Плусинфо“.
Заев се прави наудрен дека Цанде е осудуван… Не проаѓаат веќе овие демагогии, ова е доказ дека СДСМ губи во Аеродром 😘 pic.twitter.com/kQRgmFoupX
— Јоцо Манго (@fapot_) October 4, 2021