среда, 13. декември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Заев: „Рекет“ ќе ја зголеми довербата, еве има обвинител и газда на провладин медиум во притвор

Заев: „Рекет“ ќе ја зголеми довербата, еве има обвинител и газда на провладин медиум во притвор

Заокружувањето на истрагата во случајот „Рекет“ ќе ја зголеми довербата на граѓаните во институциите и политичарите, вели премиерот Заев во интервју за магазинот Детектор на ТВ „Сител“.

 – Според мене ќе остане печатот на зголемена доверба кон институциите и политичарите. Заради тоа што навистина претставува случај каде што недвојбено, без резерва на било кој се става силен печат на независноста на правосудниот систем, во овој случај на Јавното обвинителство. Растеретено од било какви притисоци да истера истрага за вака висока корупција. Самиот случај покажува дека има еве обвинител во притвор, газда на медиум, провладин, така да го кажам во притвор. Сето тоа е сериозна порака дека институциите, без разлика кој се инволвирал, за кој што постојат индиции за одредена инволвираност во одредени кривични дела треба да си одговара и ќе си одговара во државата. За мене тоа е многу значајно“ – вели Заев во интервјуто за магазинот Детектор.

По ова се огласи и новинарот Бранко Героски кој на својот Фејсбук профил напиша дека Заев потврдил дека во случајот на 1ТВ имало скриена сопственост.

-Еве, премиерот Заев ни потврди дека во случајот на 1ТВ имало скриена сопственост. Дека Бојан Јовановски е газда на медиум, па уште и на „провладин“. Неверојатно. Инаку, приказната за скриената сопственост во медиумите со ова не е завршена…, стои во неговиот пост на Фејсбук.

Најнови вести