вторник, 26. декември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Заев се правда во небрано – се гледале со Боки 13 во 1ТВ, ама коментирале општествени ситуации?!

Заев се правда во небрано – се гледале со Боки 13 во 1ТВ, ама коментирале општествени ситуации?!

Лидерот на СДСМ Зоран Заев не негира дека имал средби со Бојан Јовановски, кој е обвинет во случајот „Рекет“ во телевизијата кога гостувал, но како неточни ги оквалификува неговите изјави дека му кажал оти го следат странски служби и него и поранешната специјална обвинителка Катица Јанева.

-Не сакам да коментирам такви изјави бидејќи се неточни. Секако секогаш со секој човек што сум се гледал сум апелирал на законско работење и тоа денеска го потврдувам. Јас не негирам дека сум имал средби со Бојан Јовановски во телевизијата, како и сите други кога биле гости. Секогаш сме коментирале одредени сутуации, општествени, какви било, но ако некогаш сум искоментирал дека некој може да прави незаконско дејство или има индиции, нешто сум наслушнал, јас тоа секогаш сум го кажувал заради тоа што законите мора да важат еднакво за сите, рече Заев.

Јовановски на денешното рочиште рече дека на 3 април 2019 година Зоран Заев, му кажал дека него и Катица Јанева ги следат странски служби и оти не знае што ќе прави.

– Точно е дека сум бил симпатизер на СДСМ и дел од шарената револуција. На тој ден во мојата канцеларија ми беше соопштено дека странски обвинител има подготвено обвинение, изјави Јовановски

Најнови вести