Во рамките на учеството на Светскиот економски форум во Давос, премиерот Зоран Заев, денеска се сретна со контроверзниот бизнисмен и финансиер на политички преврати Џорџ Сорос. На средбата присуствувал и синот на Џорџ Сорос, Алекс Сорос.
-Република Македонија, беше истакнато на средбата, ги споделува и промовира вредностите на демократијата, заштитата на човековите права, владеењето на правото и отвореното општество, како вредности за кои се застапува и ФОО – пишува во владиното соопштение.
Сорос е познат берзански шпекулант кој е поврзуван со неколку контроверзни зделки, поради што е осуден од судовите во Велика Британија и Малезија. Важи и за финансиер на неколку насилни преврати во светот, поради кои има остварено енормни економски бенифиции.
Неговата фондација во Македонија беше поврзувана и со шарената револуција која му претходеше на доаѓањето на СДСМ и Зоран Заев на власт. Директорот на фондацијата на Сорос во Скопје, јавно се фалеше дека одвојувал средства за шарената револуција. Заев на средбата го убедил Сорос дека ќе продолжи да ги спроведува неговите политики.
-Концептот отворено општество еднакво за сите и понатаму останува столб врз кој се гради новиот лик на Република Македонија, заедно со демократските реформи за членство во ЕУ и НАТО и со економските мерки кои ги презема Владата, беше нагласено на средбата со Џорџ Сорос– велат од владината прес служба.
На средбата Заев и Сорос се договориле неговите геополитички планови да се спроведуваат во Македонија, но и Сорос да почне да врти нови бизниси во земјава.
-Владата на Република Македонија и Џорџ Сорос остануваат и понатаму отворени за соработка на планот на развојот на демократските капацитети на општеството, како и на можностите за нови бизниси и директни инвестиции– стои во соопштението на Владата.