Премиерот Зоран Заев се уште го нема видено Предлог-законот за државајнство. Како што изјави денеска, законот најпрво треба да биде доставен до МВР, а потоа и до него и неговиот Кабинет.
-Го немам видено, целта беше да го предложат до МВР за експертите прво да го видат. Штом тие ќе го оформат својот став, ќе го дадат до мене и до мојот Кабинет на разгледување, изјави Заев, одговорајќи на новинарски прашања по посетата на „Кемет Електроникс“.
Пратеникот на коалицијата Алијанса за Албанците (АА) и Алтернатива, Елми Азири на прес-конференција во Собранието соопшти дека Предлог-законот в понеделник ќе биде доставен до владиното мнозинство.
-Нашиот дел околу законот за државјанство е завршен, останаа само неколку технички интервенции и в понеделник на пратеничката група на СДСМ и на владиното мнозинство ќе им ја предадеме предлог-верзијата и очекуваме евентуално некоја забелешка, рече Азири и додаде дека е можно идната недела да се одржи средба на претседателите на АА и Алтернатива, Зијадин Села и Африм Гаши со премиерот Заев.