понеделник, 6. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Заев седнува на обвинителна клупа за „Поткуп“

Според обвинителниот акт Заев, во својство на службено лице, градоначалник на општина Струмица, од струмичкиот бизнисмен Иван Николов, кој сега се води како оштетен во случајот, побарал поткуп од 163.924 евра, односно по 2 евра за еден метар квадратен градежно земјиште во Струмица, за кое Николов бил заинтересиран да го приватизира.
Заев седнува на обвинителна клупа за „Поткуп“

Во Основниот суд Скопје 1 за денеска треба да се одржи ново рочиште за случајот „Поткуп” во кој првообвинет е премиерот Зоран Заев.

До сега рочиштата се одложуваа од повеќе причини, а одбраната бараше видео снимките обезбедени до ПИ-мерки да се отфрлат како докази во постапката затоа што веќе биле објавени на видео серверот YouTube.

Апелацискиот суд Скопје во декември лани одлучи барањето за издвојување на видео материјалите обезбедени со ПИ-мерките да го врати на повторно постапување.

Според обвинителниот акт Заев, во својство на службено лице, градоначалник на општина Струмица, од струмичкиот бизнисмен Иван Николов, кој сега се води како оштетен во случајот, побарал поткуп од 163.924 евра, односно по 2 евра за еден метар квадратен градежно земјиште во Струмица, за кое Николов бил заинтересиран да го приватизира.

Наводно, една половина од парите требало да бидат за Заев, а другата за изградба на црква во Струмица.

Најнови вести