среда, 29. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Заев си направи шах-мат: „Она кога правиш измами и во шахот“

Заев си направи шах-мат: „Она кога правиш измами и во шахот“

Каква политика, таква шаховска игра – се мајтапат корисниците на социјалните мрежи, откако вчера играше шах со пензионерите од Здружението на пензионери од Тетово.

„Со чесни политики покажавме дека пензиите можат значително да растат, а истовремено ја намалуваме и дупката во пензискиот фонд, денес пензионерите имаат помирен живот и повисоки пензии“, рече Заев.

Ако неговите политики се чесни како шаховските игри, а најверојатно се, тешко народот… – коментираат оние кои знат барем да ги наместат фигурите на шаховската табла.

Фаталните грешки не се проблем за Заев. Тој како премиер си дозволуваше да пречекува гости со туѓи знамиња, па така што ваквата фарса за него не е ништо. Тој можеше таблата да ја сврти и од внатрешната страна и насмеано да „пука“ со топот. И после да каже – ма тоа е само фејк њуз. Пи-арот на Заев секојдневно докажува дека во него се собрани таленти какви што тешко се наоѓа. А на Заев пак, тоа некако му годи и ич не му пречи.

Но не мислат сите така. Можеа пред глума барем да направат добра сцена – да ги наместат фигурите од страната на буквите, а не од страна на бројките…

Како првак во шах ме печат очите, бидејќи син ми што има 3 години знае дека фигурите се местат покрај буквите а не вака. Каква игра во политиката, таква и на шаховската табла…основни, фатални грешки од самиот почеток – стои во коменетар.

Се очекува во текот на денот да излезе заменик министерот за животна средина, Јани Макрадули и да каже: Ма не е ништо погрешно, шахот е од Али експрес.

Извор: РЕПУБЛИКА

Најнови вести