Во вчерашното гостување на сопругата на новинарот и сопственик на „Фокус“ Билјана Младенова во емисијата „Студио 1“ на 1ТВ таа потенцира дека причина за трагичната смрт на Младенов е неприлагодената брзина.
Оваа нејзина изјава предизвика гнев во јавноста со самиот факт што Заев со години наназад ветуваше дека ќе се открие причината за смртта на новинарот злоупотребувајќи ја истата за собирање политички поени.
Па така Заев на самиот старт дури во мај 2015 година зборуваше дека има докази за 10 причини за нова истрага за смртта на Младенов.
За доказите за смртта на Младенов во 2015 и изјавите на Заев беа заинтересирани и многу странски и регионални медиуми.
Две години подоцна во март 2017 година Заев повторно ветуваше расветлување на случаите „Дива Населба“, „Монструм“, „Сопот“, „Мартин Нешковски“ како и смртта на Никола Младенов, а сето тоа го правеше поради собирање на политички поени во пресрет на изборите.
Во Ноември истата година Заев зборуваше дека граѓаните бараат одговор дали е убиен Никола Младенов, а тој ветуваше и одговор на истото ова прашање.
Сите овие лажни верувања на Заев паѓаат во вода откако вчера неговата сопруга зборуваше дека Младенов загинал поради брзото возење со автомобилот, што е уште еден доказ дека Заев само си поигрува со народот и со чувствата на семејството.